Претставата „Преспанска модна ревија“ премиерно изведена во Ресен

Во организација на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен синоќа премиерно беше изведена претставата „Преспанска модна ревија“, во режија на Васко Василевски, а по текст на Емилија Сарафска.
Во главните улоги настапија Анастасија Гочевска како модната креаторка Лилијан и Филип Мицалевски во улогата на ракометарот Зоран. Останатите улоги ги одиграа Наталија Војданоска, Софија Кочовска, Ѓорѓи Котларовски, Дејан Ристевски, Сара Војдановска, Деан Настевски, Александра Трајчевска и Сара Наумовска, а претставата беше збогатена и со модна ревија.
Ова, според директорот на Домот на културата Васко Василевски, е четврта аматерска претстава на драмското студио при оваа институција, овој пат со современ комичен текст за тинејџерскиот живот во Преспа.
- Голем предизвик, чест и задоволство е да се работи со овие млади и талентирани деца, кои првпат излегуваат на сцената и не штедејќи ги своите сили се внесуваат во театарот, каде сакаат да се докажат. Нас ни претставува големо задоволство да ги истакнеме и пуштиме подалеку да запловат во тетараските води, истакна Василевски.
Градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски потсети дека општината ги поддржува културните активности, особено со акцент на помладата генерација, која и во овој случај, иако во аматерски состав, остави професионален впечаток кај ресенската публика.
- Верувам дека претставата ќе биде уште еден бисер во богатата преспанска драмска ризница. Неколку години наназад со Домот на културата работиме на афирмација на драмската уметност и младите и талентирани уметници, кои полека но сигурно запловуваат во овие води, рече Стрезовски.
Според него, она што послените години се случува на културно поле во Преспа, особено во театарската уметност е уште една повтрда дека преспанчани не само што имаат таленти, туку дека успеваат да создадат тетараска публика, која полека, но сигурно ги афирмира театарот и драмата како стил на преспанското живеење.
Комедијата „Преспанска модна ревија“ ќе биде изведена и денеска, а во наредниот период и престојат гостувања и во други градови.
Ново на Сител
-

На ГП „Блато" приведен државјанин на Албанија, баран со меѓународна потерница
-

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
-

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји
-

Мурињо се согласи на двегодишен договор со Реал, услов е Перез да биде реизбран
-

Бензините и екстра-лесното поскапуваат за 0,5 денари, цената на дизелот останува иста
-

Претстои нестабилно време со пороен дожд и засилен ветер, преодно стабилизирање од петок
-

Трагедија кај Кочани: Млад мотоциклист загина во сообраќајна несреќа
-

Авганистанец силувал 11 годишно девојче во училиште за посебни потребни во Кобленц
