Претставата „Лазаревото писмо“ на сцената на Bелешкиот театар
На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечер актери од Штипскиот театар ќе ја изведат претставата „Лазаревото писмо“ од Живко Чинго, во режија и адаптација на Љупчо Ѓоргиевски.
Од Велешкиот театар информираа дека претставата е адаптација на истоименото дело на Живко Чинго, во кое дејството се случува во шеесетите години на минатиот век, време со кое режисерот нашол аналогна врска со денешното.
Bо претставата настапуваат актерите: Владимир Тулиев, Милорад Ангелов, Пеце Ристевски, Виктор Арев, Ефтим Трајчов, Ангелка Нашкова, Марија Минчева, Елена Шорова, Надица Петрова, Марија Димитрова, Никола Стефанов, Никола Кузелов, Нела Ангелова и Емилија Ристевска.
Автор на музиката е Марјан Неќак, костимите се на Андреј Ѓоргиевски, а сценографијата на Благој Мицевски.
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември