Претставата „Антигона и Креонт“ вечер во кино „Култура“
Претставата „Антигона и Креонт“ во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Театар на Навигаторот Цветко вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена во кино Култура.
Адаптацијата е на Нела Витошевиќ и Ивана Нелковска. Во претставата играат: Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Зоран Љутков, Благој Веселинов и Стефан Вујисиќ. Сценографијата е на Васил Христов, костимографијата на Розе Трајчевска, а изборот на музика е на Нела Витошевиќ и Васил Христов.
Режисерката Витошевиќ на прес-конференција рече дека основата на приказната е соочувањето на Антигона и Креонт или судирот меѓу отпорот и власта. Во претставата има по три Антигони и Креонти или, како што рече, три паралелни приказни кои меѓусебно се испреплетуваат.
- Има три пара кои доаѓаат од различно време, но сите се погледнати од денешна призма и сите претставуваат еден ист лик, но тоа се различни аспекти на тој лик. Ја оставив претставата отворена за толкување, рече Витошевиќ, додавајќи дека на претставата гледа како студија на карактери, која се стреми психолошки да ги истражи ликовите - зошто тие така постапуваат, кои се нивните стравови, притисоци, задача што треба да ја извршат...
„Антигона и Креонт“ неодамна беше изведена на 15. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“.
Ново на Сител
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за депонијата во Вардариште
-
30 дена притвор за три лица за палењето на Вардариште
-
За Кочани се уште нема кандидат за градоначалник
-
90 години Хидробиолошки завод - Охрид
-
Преглед на вестите од светот