Претседавачот на Европската мрежа на Омбудсмани во посета на транзитните центри
Претседавачот на Европската мрежа на Омбудсмани за детски прашања Маркус Дулерт ги посети транзитните центри во Гевгелија и Табановце во рамки на тридневна посета на Македонија, заедно со делегација на претставници од СОС Детски села Холандија.
Домаќин на делегацијата беше СОС Детско село Македонија, целта на посетата беше запознавање со ситуацијата на терен, во врска со состојбата на децата мигранти кои се наоѓаат во Транзитните центри во Гевгелија и Табановце.
По завршување на посетите Дулерт изјави дека она што е потребно е централизирана координација на Европските лидери за да им помогнат на овие бегалци кои се наоѓаат на Европска почва.
- Денеска, ја посетив македонската страна на македонско-грчката граница. Беше многу ладно, а стотици луѓе чекаа на возот. Голем дел од нив беа деца, со нивните родители. Тие беа истоштени, дезориентирани и чекаа веќе два дена спиејќи ноќе на земја, без храна. Кампот не е подготвен за зимската сезона сѐ уште. Луѓето се обидуваат да помогнат, невладините организации и персоналот на кампот се обидуваат да помогнат колку што е можно подобро, со најдобра намера. Има недостаток од ќебиња и од топлина, недостаток од сѐ. Како што можевме да видиме се случува еден вид на хуманитарна криза пред очите на сите европски земји и мисам дека тоа е засрамувачки, истакна тој.
Националниот директор на СОС Детско село Македонија Јулијана Накова Гапо, која беше домаќин на посетата на Омбудсманот, нагласи дека во СОС Детско село Македонија се загрижени за состојбата на децата на бегалците, изразувајќи надеж дека започнатите активности за подобрување на условите во транзитните центри ќе се реализираат во брзо време.
СОС Детско село Македонија делува на терен, пружајќи помош на мигрантите, посебно грижејќи се за децата и мајките со деца, а во Транзитниот центар Табановце функционира Пријателското катче за деца на СОС Детско село Македонија и УНИЦЕФ, кое секојдневно прифаќа од 150 до 500 деца и деца со мајки, им обезбедува можност за одмор и закрепнување, како и професионална стручна помош од педагози, психолози и социјални работници, пред да го продолжат патувањето.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак