Претседателски избори во Узбекистан
Во Узбекистан денеска се одржуваат избори за претседател на кои граѓаните ќе бираат меѓу четири кандидати. Еден од нив е актуелниот вршител на должноста шеф на државата и премиер Шавкат Мирзијоев.
Изборите се распишани откако претходниот претседател Ислам Каримов почина на 2 септември оваа година.
Покрај Мирзијоев, номиниран од Движењето на претприемачи и бизнисмени – Либералнодемократската партија на Узбекистан, кандидати се лидер на три останати официјално регистрирани политички здруженија во државата.
Станува збор за Котамјон Кетмонов од Народната демократска партија на Узбекистан, Сарвар Отамуратов од Демократската партија за национално заживување и Наримон Умаров од Демократската партија за социјална правда. Мандатот на претседателот на Узбекистан трае пет години.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори