Претседателски и парламентарни избори во Перу, две лица убиени пред гласањето

Во Перу денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори. За претседателската функција претендираат 10 кандидати, а според анкетите фаворит е Кеико Фуџимори, ќерка на поранешниот шеф на државата Алберто Фуџимори (1990-2000).
Околу 23.000 Перуанци ќе избираат исто така 130 пратеника во Конгресот, како и петмина пратеници кои ќе ја претставуваат републиката во Андскиот парламент.
Според резултатите на неколку различни истражувања, за Кеико ќе гласаат меѓу 31,5 и 35,4 проценти од гласачите во денешниот прв круг од изборите, без разлика што нејзиниот татко отслужува 25-годишна казна затвор за корупција и кршење на човековите права. Лидерката на партијата Народна сила успеа да ја добие довербата на голем број граѓани, обидувајќи се да се дистанцира од нејзиниот татко. Неколку дена пред изборите таа вети дека нема да дозволи никогаш да се повторат случувањата од периодот на управувањето на Фуџимори-стариот.
Ден пред одржувањето на изборите најмалку две лица се убиени, меѓу кои и воен претставник, во напад за кој се обвинуваат припадници на маоистичката герилска група Сјаен пат. Во истиот напад се повредени и тројца припадници на војската во Перу.
Набљудувачите оценуваат дека името на новиот претседател ќе биде познато по вториот круг од изборите, кој ќе се одржи на 5 јуни.
Освен Фуџимори, главни претенденти за оваа функција се уште двајца кандидати - економистот од десницата Педро Кучински и Вероника Мендоса, која е кандидат на коалицијата „Широк фронт“.
Гласањето во Перу е задолжително за граѓаните од 18 до 70 годишна возраст.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
