Претседателот со најдолг стаж во светот го продолжува своето 43-годишно владеење
– Претседателот на Екваторијална Гвинеја, Теодоро Обианг Нгуема Мбасого е реизбран на функцијата со 95 отсто од гласовите на изборите одржани на 20 ноември. Неговиот син и потпретседател на земјата, Теодоро Нгуема Обианг Манге, го овјави тоа на Твитер.
Засега западни медиуми не можат да потврдат дали тоа тврдење е веродостојно. Победата ќе му даде на 80-годишниот Објанг шести мандат на функцијата и ќе го зацврсти неговото место како шеф на држава со најдолг стаж во светот – на власт е 43 години.
„Конечните резултати повторно ни докажаа дека сме во право. Продолжуваме да докажуваме дека сме голема политичка партија“, напиша потпретседателот на Твитер.
Западноафриканската земја со околу 1,5 милиони жители имала само двајца претседатели од стекнувањето независност од Шпанија во 1968 година. Објанг го собори својот вујко Франциско Масиас Нгуема со државен удар во 1979 година.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
