Претседателот Радев ќе ја свика првата седница на новиот бугарски парламент на 15 април

Претседателот на Бугарија, Румен Радев ќе го свика новоизбраниот бугарски парламент на 15 април, пишува весникот „Труд“. Како што јави дописникот на МИА од Софија пред неколку дена, бугарскиот претседател јасно стави до знаење дека нема намера да ја одложува постапката за свикување на новоизбраниот парламент.
Според бугарскиот устав, претседателот мора да го свика новоизбраното Национално собрание до 4 мај. Сепак, поради велигденските празници, Радев сакаше новиот парламент да започне со работа што е можно поскоро. На првото заседание, новите пратеници полагаат заклетва и официјално ја преземаат функцијата. На истиот состанок, владата на Бојко Борисов мора да поднесе оставка, но таа ќе продолжи да ги извршува своите овластувања се додека не биде избрана новата влада од новиот парламент или привремена влада биде назначена од претседателот Радев.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
