Претседателот Пендаровски се сретна со кувајтскиот амбасадор Јакуб Ал-Атики

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, денеска се сретна со Јакуб Ал-Атики, aмбасадор на Државата Кувајт за Република Северна Македонија, со седиште во Софија.
На средбата, како што информираат од кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Кувајт, при што била изразена заемна подготвеност за продлабочување на соработката како на политички, така и на економски план.
Претседателот Пендаровски ја истакнал потребата од унапредување на соработката меѓу двете држави, со внесување нови содржини и форми, а во функција на отворање на нови можности за зголемување на економската соработка, трговската размена и инвестициите. Во тој контекст, на средбата било посочено на потребата од размена на посети на високо и на највисоко ниво.
На средбата, се вели во соопштението, биле разменети мислења и за состојбите на Блискиот Исток.
Ново на Сител
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски најави 8 денари помош за килограм откупена арпа
