Претседателот Обама обезбеди мнозинство во Сенатот за договорот со Иран
Американскиот претседател Барак Обама успеа да обезбеди доволно мнозинство во Сенатот на САД за поддршка и прифакање на нуклеарниот договор со Иран.
Сенаторот од Демократската партија, Барбара Микулски, од сојузната држава Мериленд, е 34-та членка на американскиот Сенат, која го поддржа договорот за иранската нуклеарна програма, што го постигнаа САД и другите земји од меѓународната „шесторка“ со властите во Техеран.
Републиканските сенатори се единствени во одбивањето и неприфаќањето на договорот, инсистирајќи дека тој ќе му послужи само на Иран.
Двајца демократски сенатори, Чак Шумер од Њујорк и Роберт Менендез од Њу Џерси, исто така се противат на постигнатиот договор, па претседателот Обама и демократите, во Сенатот успеаја да обезбедат само минимално мнозинство.
Америкнскиот Конгрес, подоцна овој месец, треба да гласа за договорот со Иран и засега, на претседателот Барак Обама се уште му се потребни седум гласови, за да се спречи постапката за ставање претседателско вето, за да се обезбеди важност на договорот.
Во Вашингтон се верува дека до гласањето, претседателот ќе успее да обезбеди доволно мнозинство за неутрализирање и надгласување на една конгресна резолуција за неприфаќање на документот.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанаијаху, во меѓувреме, продолжува силно да лобира за отфрлање на постигнатиот договор, опишувајќи го како „лоша грешка“ и тврдејќи дека со него, практично, на Иран му се прави пат за да произведе нуклеарно оружје.
Преговорите на меѓународната шесторка (САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина, плус Германија) и на Иран започнаа уште пред девет години, во 2006 година.
Конечната спогодба беше постигната во јули годинава, а договорот треба да стапи во сила од ноември.
Иран прифати драстично ограничување на неговата нуклеарна програма и отвореност за контрола на неговите нуклеарни постројки во замена за укинување на меѓународните санкции.
Властите во Техеран и порано и сега тврдат дека нивната нуклеарна програма има само мирољубиви и цивилни цели и потреби.
Ново на Сител
-
29 годишник од Тетово на социјалните мрежи објавувал слики од малолетничка со вулгарен текст
-
Прилеп ќе го прогласи петок, 4 октомври, за ден на жалост
-
Кривична пријава против поранешен градоначалник за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, куќен притвор за осомничениот
-
Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка - темелот на домашната економија
-
Уапсени две лица кои сакале да крадат од зградата во Чаир која гореше вчера
-
Шолц: Никогаш не ги заборавајте негативните аспекти на обединувањето на Германија
-
ЕК бара информации од Јутјуб, Снепчет и ТикТок за начинот на препорачување содржини на корисниците