Претседателот на Претставничкиот дом на Нов Зеланд водеше седница и хранеше бебе
Претседателот на Претставничкиот дом на Нов Зеланд Тревор Малард за време на парламентарната расправа хранеше бебе на еден од пратениците.
Малард на Твитер објави фотографија како го храни бебето на пратеникот Тамати Кофи додека ја водеше седницата.
Лабуристичкиот пратеник Кофи во јули го објави раѓањето на својот син. Детето е родено со помош на сурогат мајка, а негов биолошки татко е партнерот на Кофи, Тим Смит.
Кофи денеска првпат присуствуваше на седница по враќање од боледување, а со себе го зема и своето бебе.
Малард, кој е татко на три деца, ја презеде улогата на дадилка, но истовремено и претседаваше со седницата.
Претходно, на седница своите бебиња ги носеа и британската пратеничка Џо Свинсо, во 2018 година и австралиската сенаторка Лариса Воерс, во 2017 година.
Во септември минатата година, премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн стана првата политичарка во историјата која ја донесе својата ќерка на седница на Генералното собрание на Обединетите Нации.
Ново на Сител
-
Бесплатна стручна поддршка од Институтот за специјална едукација и рехабилитација за децата со атипичен развој од Кисела Вода
-
Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 62 021 денари
-
Мицкоски со оптимизам дека ќе има договор со банките за кредитите за унгарскиот заем
-
Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
Кривична пријава за загадување на животната средина, природа, добиточна храна и вода
-
На царина запленет автомобил, пиротехнични материјали, цигари, лекови | ФОТО
-
Штрајк на над 50.000 поштари во Канада поради ниските плати и лошите услови за работа
-
Нема веќе непоразени сезонава во НБА, Бостон му го нанесе првиот пораз на Кливленд