Претседателот на Кипар за Македонија: Нека се викаат и Северна Грција, само да се тргне иредентизмот од уставот
Ако се тргнат иредентистичките идеи и тенденции во уставот на Скопје, тогаш името не е воопшто важно, не ми е битно ако сакаат да се викаат и Северна Грција, вели кипарскиот претседател Никос Анастасијадис во интервју за „Прва емисија“ на кипарското радио 1. Тој, јавува дописникот на МИА од Атина, додава дека доколку се отстрани иредентизмот, тогаш е „смешно името да разделува или да создава проблеми со држави со кои можеш доколку соработуваш да постигнеш многу повеќе во твоја корист“.
– Имам впечаток дека ако се најде начин да се надминат уставните одредби на скопската држава, кои говорат за иредентизам, тогаш името не е важно. Нема да имам приговор и да сакаат да се викаат Северна Грција, ако самите веруваат дека се Северна Грција, особено земајќи ги предвид големината, можностите и перспективите на Грција, преку инвестиции да врши влијание и да ја контролира лилипутанската соседна држава. Се прашувам зошто е оваа кавга за името? Името е она што е важно или идентитетот, националниот идентитет?, вели претседателот на Кипар во интервјуто, пренесува МИА.
Никос Анастасијадис, на трипати повторува дека не го интересира името, туку дека проблем се членовите во уставот што и пречат на Грција, имаат иредентистички тенденции и претставуваат, макар и далечна, закана за Грција. Тој вели дека треба да се искористат можностите за соработка.
– Знаете дека кога се создаде проблемот, економијата на Скопје целосно е контролирана од Грци индустријалци, бизнисмени итн. Скопје нема пристаниште. Требаше да ги користи грчките пристаништа. Зошто да не ги искористиш сите овие работи за да имаш еден близок соработник? Бидејќи ќе се вика Северна Македонија? Важно е името? Се плашиме дали Александар Велики бил Грк или не? Прифаќаме да влеземе во дијалог и да го оспориме овој факт?, коментира Анастасијадис.
Ново на Сител
-
Путин: Подготвен сум да се сретнам со Зеленски
-
Од 2026 три нови дестинации, до Неапол, Вроцлав и Милано, а се враќаат Будимпешта и Катовице
-
Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп | ВИДЕО
-
Паркови и зеленило со предупредување: Не паркирајте под дрвја, најавено е невреме
-
МНР на БиХ денеска му го поништи дипломатскиот пасош на Додик
-
Пожар во барака на ЦУК во Куманово
-
Кривична за 18-годишен скопјанец осомничен за „убиство во обид“
-
Тошковски: Граѓаните заслужуваат полиција која ќе се грижи за нивната безбедност и благосостојба, ослободена од политички и други влијанија