Претседателот на Кенија и подаде рака на опозицијата и повика на национално единство

Претседателот на Кенија, Ухуру Кенијата и подаде рака на опозицијата и повика на национално единство, откако беше прогласен за победник на силно оспоруваните претседателски избори.
Националната избирачка комисија на Кенија соопшти дека Кенијата освоил втор петгодишен мандат, откако според конечните резултати тој доби 54,27 проценти од гласовите, а неговиот ривал, опозицискиот лидер Рајла Одинга, 44,74 отсто.
- Ние треба да продолжиме да работиме заедно за доброто на нашиот народ и да го зачуваме единството на земјата, изјави 55-годишниот Кенијата во обраќањето до нацијата, по објавувањето на резултатите.
Обраќајќи се кон опозицијата тој изјави дека му подава пријателска рака „на нашиот постар брат“, 72 годишниот Одинга, кој ги оспорува резултатите од гласањето.
- Кенија ни припаѓа на сите нас. Да го отфрлиме насилството, додаде Кенијата.
Во некои квартови на главниот град Најроби и во градовите Накуру, Елдоре и Ниеру приврзаници на Кенијата ја славеа неговата победа, додека во други делови на Најроби, бастиони на опозицијата, како и во градот Кисуму објавувањето на резултатите од изборите беше проследено со бунтови и насилство.
Во квартот Кибдера разлутени приврзаници на Одигна нападнаа и ограбија продавници, кои припаѓат на членови на етничката група Кикујо, на која и припаѓа Кенијата. Полицијата употреби солзавец за да ги растера приврзаници на опозицијата.
Ново на Сител
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
-

Човечкиот фактор и годинава главна причина за шумските пожари
