Претседателот на индонезискиот Парламент избега при обид за апсење за корупција
Претседателот на индонезискиот Парламент Сетја Нованто избегал при обид да биде приведен за корупција.
Претседателот на Долниот дом на Парламентот е осомничен за корупција од проект од околу 440 милиони долари за воведување лични електронски карти во мандат на претходната влада.
Кога синоќа полицијата пристигнала во неговиот дом со налог за апсење, тој бил исчезнат, јавуваат локални медиуми.
- Се уште го бараме, но не знаеме каде е, изјави портпарол на индонезиската Комисија за борба со корупција.
Според адвокатот на Нованто, и неговата сопруга не знае каде се наоѓа.
Загубите на државата од корупцијата за тој проект се околу 170 милиони долари.
Нованто е претседател на партијата Голкар, член на владејачката коалиција и сојузник на претседателот Џоко Видодо. Официјално беше посочен како осомничен минатата недела.
Ново на Сител
-
Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица
-
Вучевиќ: Викендов ќе се одржи првиот состанок за движењето за народот и државата
-
Кривична пријава против шест лица за несовесно работење во службата
-
Просечната нето плата во јануари 43.050 денари
-
Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци
-
Почина 18-годишниот Вукашин, шеснаесетта жртва на трагедијата во Нови Сад
-
Отворена истрага за пожарот во Кочани
-
Приведени тројца дилери