Претседателот на хрватскиот Сабор во посета на Белград
Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ почнува денеска дводневна работна посета на Србија што е продолжување на политичкиот дијалог меѓу двете држави.
Станува збор за прва посета на претседател на Саборот на Србија.
Српскиот претседатаел Александар Вучиќ оствари посета во февруари на Загреб на покана на хрватската претседтаелка Колинда Грабар Китаровиќ и досега таа иницијатива резултираше со состаноци на ресорни министерства поврзани со решавање отворени прашања, како состаноци на работни тела за решавање на прашања на исчезнати, одбори за малцинства и одбори за трговска соработка. Во тој поглед, официјалната посета на претседателот на Саборот е продолжување на политичкиот дијалог на највисоко ниво, се нагласува во соопштение од Кабинетот на Јандроковиќ.
Тој е во Белград на покана на претседателката на српскиот Парламент, Маjа Гојковиќ
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница