Претседателот на Гватемала поднесе оставка
Претседателот на Гватемала Ото Перес Молина, кој е обвинет за корупција денеска поднесе оставка.
Гватамалскиот суд денеска издаде наредба за апсење на претседателот Ото Перес Молина под обвинение дека раководел со голема корупциска шема во царината.
Во вторникот Парламентот му го одзеде имунитетот на претседателот Молина. За одземање на имунитетот гласаа 132 од 158 пратеници.
Адвокатот на претседателот Молина изјави дека неговиот клинет е подготвен да соработува со истрагата.
Молина, 64-годишен генерал во оставка, кој е на власт е од 2012 година, обвинет е дека раководел со голема корупциска шема во царината, преку која царинарниците земале мито за да им помогнат на фирмите да избегнат плаќање на царина.
На 21 август приведена е и заменик-претседателката на Гватемала, Роксана Балдети под сомнение дека е вмешана во корупциската шема.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии