Претседателот Иванов во посета на штипската касарна „Јане Сандански“

Претседателот на Република Македонија и врховниот командант на АРМ, Ѓорѓе Иванов заедно со командантот на Генерал штабот на АРМ, Методија Величковски денеска беа во посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип каде се запозна со подготвеноста на Вториот механизиран пешадиски батаљон за справување со можните предизвици при пораст на бранот бегалци, кој се очекува во наредниот период.
Командатот на Генерал штабот на АРМ, Величковски истакна дека во текот на престојот на претседателот и врховниот командант на АРМ, Иванов претставена е организациско-формациска структура на единицата, можностите, капацитетите, а воедно, претседателот имаше можност да проследи и една мала тактичко-техничка вежба, која се прави редовно пред упатување на војниците и единиците за справување со мигрантската криза на јужната граница.
- Вториот механизиран пешадиски батаљон, кој е базиран во гарнизонот Штип е една од носечките единици на Армијата. Традицијата е долга заради тоа што самото оценување на единиците декларирани за мисии надвор од Република Македонија почнува од градот Штип со билатералната вежба со Македонски блесок 1, која во регионот веќе станува препознатлив бренд, вели Величковски.
Тој забележа дека придизвиците на Вториот механизиран пешадиски батаљон остануваат и за наредната година, а неговите припадници покрај тековните активности ќе имаат за задача и ретерсификација, односно продолжвање на оценката која ја доби пред три години за оценување на македонската борбена група, чиј носител е овој батаљон.
Прашан за актуелното заговарање за воведување на двојазичноста во земјава и како тоа ќе се рефлектира врз работата на АРМ, Величковски одговори дека македонската Армија работи согласно законите и никако на друг начин.
- Во законот за служба во Армијата на Република Македонија во членот 5 е недвосмислено, прецизно и јасно, без предмет за дискусија е дефиниран начинот на употреба на македонскиот литературен јазик и неговото кирилско писмо. Тоа подразбира дека секој вид на кореспонденција, командување и извршување на наредби и изработка на документи во мир, во војна, изработка на правила, доктрини и упатства е исклучиво само и на ниту еден начин освен на македонскиот литературен јазик и неговото кирилско писмо, рече Величковски.
Претседателот Иванов денеска ќе присуствува и на Свечената академија посветена на Свети Климент Охридски, која ќе се одржи во црквата во штипската населба Сењак.
Ново на Сител
-

МПЦ-ОА против кратење на верските празници: Тие се вековна врска меѓу народот и Црквата, а не само неработни денови
-

Политико: Европските престолнини се подготвуваат за можен хибриден напад со жртви
-

Последното танго на Меси: Гол, две асистенции, солзи и овации на збогувањето со Аргентина | ВИДЕО
-

Три години по нападот на Хамас Мерц уште еднаш ја потврди поддршката на Германија за Израел
-

Роналдо за напуштањето на репрезентацијата: Им се извинувам на Португалците, не треба да има олеснителни околности за казната
-

Нов пораз на македонските фудбалери – Швајцарија славеше со 3:0
-

Шпанија со пресврт ја победи Хрватска
-

Во ЕУ ќе се разговара за сомневањата за појава на чума во Сибир
