Претседателот Иванов во официјална посета на Хрватска

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Хрватска.
Претседателот Иванов во Загреб ќе има средби со претседателот на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ и со претседателот хрватскиот Сабор Јосип Леко.
Македонскиот претседател ќе ја посети и Општина Ѓаково, каде што ќе се сретне со претставници на локалната македонска заедница и ќе присуствува на културно - уметничка програма на македонското КУД „Браќа Миладиновци“ од Хрватска.
Во делегацијата, што го придружува претседателот Иванов за време на официјалната посета на Република Хрватска, е и министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски. Предвидено е Јолевски во Загреб да се сртене со неговиот хравтски колега Анте Котромановиќ.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Падна Орбан, следен е Вучиќ па Мицкоски
-

Развојот на технологијата во голема мера ги заменува книгите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
