-->
-->
Претседателот Иванов во недела го прима Туск, понеделник и вторник во Брисел на средба со Тимерманс и Столтенберг
-->
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, покрај тоа што во недела ќе го прими претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, еден и два дена подоцна ќе оствари средби и со други високи претставници на Европската унија и на НАТО.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, од Европската комисија денеска потврдија дека Иванов во понеделник точно на пладне во Брисел ќе се сретне со првиот потпретседател на неформалната Влада на Европската унија, Франс Тимерманс, додека од Северната Алијанса известија дека македонскиот претседател во вторник, во седиштето на НАТО ќе оствари средба со генералниот секретар на оваа организација, Јенс Столтенберг.
Интензивирањето на контактите на највисоките официјални лица на ЕУ и на НАТО со првите луѓе на Република Македонија се случува во светло на бегалската криза, а посебно откако пред два дена македонската држава одлучи да гради ограда на дел од границата со Грција, но и само да ги пропушта бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан, а не и останатите економски мигранти.
Всушност, итната посета на челникот на Европскиот совет, Туск, во недела на Скопје и состаноците со премиерот Никола Груевски и со претседателот Иванов, се поклопува со агендата што првиот човек на Република Македонија ќе ја има на почетокот на идната недела во Брисел.
Овие средби доаѓаат откако Еврокомисијата денеска потврди дека и еден месец по неформалниот Самит на ЕУ за западно-балканската миграторска рута, каде присуствуваше Иванов, Македонија се уште не понудила дополнитени сместувачки капацитети за бегалците, освен оние 2.000 што македонскиот претседател ги понуди на самиот Самит. Тоа ги нарушува плановите на официјален Брисел, кој на формален Самит на Европскиот советпред месец ипол, донесе одлука сите земји на Балканот да определат капацитети од вкупно 50.000 места за толкав број на бегалци, засега, според планот за привремен престој на бегалците од Африка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утрово најстудено во Крушево, најмногу снег на Шапка
-
Пазарните инспектори на терен, Владата најавува можност за ограничување на маржите
-
Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-
Бајден побара од Пентагон да продолжи со своите активни испораки на оружје за Украина
-
Најмалку 10 лица загинаа во израелски напади во Појасот Газа
-
Јапонската национална авиокомпанија е погодена од кибер напад
-
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и на патот Тетово – Попова Шапка
-
Облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег