Македонија
2. August 2017 - 10:46

Претседателот Иванов положи цвеќе пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска, по повод Илинден, положи цвеќе пред спомениците на АСНОМ во паркот „Жена борец“ и на Никола Карев пред Собранието на РМ.

Иванов од тука се упати кон споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов-Ченто во центарот на Скопје каде се очекува да има обраќање.

Пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев цвеќе положија и владини министри, делегации на АРМ, Град Скопје, Сојузот на борци, Народната банка,  амбасадори, претставници на политички партии,.