Претседателот Иванов на меѓународна конференција во Рим
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска до 28 јануари ќе престојува во работна посета на Италијанската Република каде што ќе учествува на 7.Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ и Италијанското друштво за меѓународни организации - Иницијатива за глобален дијалог во мултиполарен свет, што се одржува во Рим, соопшти кабинетот на македонскиот претседател.
На состанокот кој ќе се одржи во Италијанскиот сенат, претседателот Иванов ќе се обрати на воведната сесија насловена „Одговор на радикализацијата и екстремизмот преку меѓурелигиски дијалог“.
За време на работната посета на Италија, предвидено е претседателот Иванов да има повеќе средби со учесници на конференцијата. Учеството на македонскиот претседател на овие состаноци е резултат на неговата посветеност во остварувањето на целите на Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации, како и на одличната соработка со Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ и Италијанското друштво за меѓународни организации – Иницијатива за глобален дијалог во мултиполарен свет. Претходно, претседателот Иванов има учествувано на состаноците во Баку, Софија и во Рим, се вели во соопштението од неговиот кабинет.
Ново на Сител
-
Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка
-
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара
-
Белгиска служба за државна безбедност: Се повеќе млади луѓе во Белгија се вклучени во тероризам
-
Непознати лица украле дел од тревник поставен на плоштад во атинска населба
-
Постар маж со нож им се закануваше на студенти на Медицинскиот факултет во Нови Сад
-
Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање
-
26-годишен турчин фатен со дрога во Гази Баба
-
Општина Делчево со парична поддршка за првороденото новороденче во 2025 година