Претседателот Иванов ја додели Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2016 година
Индивидуален станбен објект со посебен режим на домување, од проектантското биро „РАДО Инженеринг“ и архитектите Пако Радовановиќ, Арсенија Поповска Радовановиќ и Ѓоко Радовановиќ е најуспешно реализирано архитектонско дело во 2016 година.
Наградата, што ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, ја врачи Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој е покровител на манифестацијата.
-Оваа награда претставува своевиден преглед на архитектонските остварувања во тековната година и валоризација на најуспешните достигнувања. Вредноста на ова признание е дотолку поголема што доаѓа токму од колегите-архитекти кои најдобро умеат да ја проценат важноста на едно архитектонско дело, рече претседателот Иванов на доделувањето на наградата, што се одржа во Музејот на Град Скопје.
Пред секој архитект, нагласи тој, стои предизвикот да направи успешно и вонвременско дело кое ќе му обезбеди слава и бесмртност. Иванов на архитектите им порача дека пред себе имаат одговорност не само кон современиците, туку и кон идните генерации.
-Пред македонските архитекти несомнено стои и предизвикот да ја чуваат, но и да ја усовршуваат и збогатуваат традицијата на македонската архитектура која е одраз на вредностите и на македонскиот светоглед. Пред сè, тоа е архитектура по мера на човекот, која кореспондира со околината и со природниот пејзаж. Македонија може да се пофали со значајна традиција на македонски градители чии градби се познати во регионот и пошироко. Верувам дека така ќе биде и во иднина, истакна претседателот Иванов по доделувањето на наградата.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи