Претседателот Иванов испрати писма со сочувство за смртта на актерот Петрушевски

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод смртта на актерот Ванчо Петрушевски, упати писма со сочуство до семејството Петрушевски и до Драмскиот театар во Скопје.
- Со прераното заминување на Ванчо Петрушевски загубивме голем актер и прекрасен човек. Ќе останат во сеќавањата неговите остварувања на театарската сцена, како и бројните ангажмани во филмски, телевизиски и радио проекти. Со својот раскошен актерски талент остави неизбришлив печат во еден од најпопуларните телевизиски проекти, Македонските народни приказни и во култната радио емисија Хихириху, наведува во писмата со сочувство претседателот Иванов.
Натаму, во сочувството до семејството и до Драмскиот театар, тој истакнува оти Петрушевски беше сестран уметник кому актерството му беше многу повеќе од професија, и како таков секогаш ќе биде пример за професионалност и посветеност. - Нека почива во мир, се вели во сочуството од претседателот Иванов.
Ново на Сител
-

Ставен во употреба новиот АТМ систем на меѓународниот аеродром Скопје
-

Пецаков: Ова лето застапеност на туристи кои ретко доаѓале во Охрид
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
