Претседателот Иванов го прими заменик државниот секретар на САД, Џон Саливан
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими Џон Саливан, заменик државен секретар на Соединетите Американски Држави.
На средбата беа разменети мислења за тековните политички случувања во Република Македонија, за евроатлантските перспективи на земјата и за актуелните случувања во регионот. Македонскиот претседател истакна дека европските и евроатлантските интеграции остануваат стратешки цели и највисоки приоритети на Република Македонија.
„Секогаш сум бил силен и гласен поддржувач на стратешките приоритети на Македонија, а тоа е целосна интеграција во ЕУ и НАТО. Но, членството во ЕУ и НАТО не смее да се злоупотребува за прифаќање на договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, отколку што се затвораат“, истакна на средбата претседателот Иванов.
Македонскиот претседател потенцираше дека Република Македонија останува стратешки партнер на САД и изрази благодарност за целокупната поддршка и помош во модернизацијата и едукацијата на Армијата на Република Македонија, со цел постигнување на НАТО стандардите.
Двајцата соговорници разменија мислења и информации за актуелните предизвици со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка