-->
-->
Претседателот Иванов го прими маратонскиот пливач Стефановски
-->
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска гo прими македонскиот маратонски пливач, Томи Стефановски, по повод освоеното прво место во „Гран При" серијата на маратони на отворени води, што е во организација на Меѓународната пливачка федерација ФИНА.
Претседателот Иванов му честита на Стефановски за освоената шампионска титула, потенцирајќи ја важноста на напорната и пожртвувана работа како предуслов за големите спортски успеси.
- Вашиот успех е позитивен пример и мотив за голем број млади генерации кои што од вас ќе учат за спортските вредности. Ваквиот подвиг заслужува големо внимание и почит, затоа што успесите и победите не обединуваат сите нас. Ви посакувам уште многу вакви достигнувања кои што истовремено придонесуваат и за меѓународната афирмација на Република Македонија, рече на средбата претседателот Иванов.
Томи Стефановски изрази благодарност до македонскиот претседател за укажаната чест, притоа споделувајќи ги импресиите од освоеното прво место, како и од предизвиците со кои што се соочил на маратонските патеки низ годините.
- Средбата со претседателот Иванов за мене претставува огромна чест, бидејќи се вреднува мојот труд кој го градам веќе 35-40 години. Ветувам дека и понатаму ќе останам во овој спорт и ќе ги пренесувам моите искуства на помладите и на генерациите што доаѓаат, за сите тие, на следните Охридски маратони и другите пливачки натпревари, да ја претставуваат нашата држава колку што е можно подостојно, истакна нашиот маратонски пливач.
Томи Стефановски постигна историски успех во македонското маратонско пливање, со што ги исполни и критериумите за добивање на признанието спортист од светска категорија. Годинава најстариот пливач во „Гран При“ серијата на ФИНА, Стефановски, со своите достигнувања во долгогодишната кариера влезе во „Куќата на славните на меѓународното маратонско пливање“ и ќе присуствува на овој значаен спортски настан што ќе се одржи на 4. ноември во Лос Анџелес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе