Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Словачка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Словачка.
Сиљановска-Давкова утре во Братислава ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини.
Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словачката делегација.
Македонската претседателка ќе оствари средби и со претседателот на Националниот совет на Република Словачка, Рихард Раши, како и со потпретседателот на словачката Влада и министер за одбрана, Роберт Калинак.
Во рамки на посетата на Словачка предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец на Споменикот на слободата во близина на замокот Девин.
Во среда, претседателката Сиљановска-Давкова ќе ја посети групната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, на која ќе бидат претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска . Куратор на изложбата е Кирил Пенушлиски.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
