Претседателката Сиљановска-Давкова ќе ги отвори 64. Струшки вечери на поезијата
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва ќе се обрати и ќе го отвори 64. издание на Струшките вечери на поезијата, коешто се одржува под нејзино покровителство.
Манифестацијата, како што соопшти Кабинетот на Претседателот, ќе започне во 20 часот и 30 минути во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
-Во рамките на свеченото отворање на фестивалот ќе бидат одржани „Поетските меридијани“, коишто ќе започнат со претставување на добитникот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2025 година, словачкиот поет Иван Штрпка. На Меѓународното поетско читање на првата фестивалска вечер ќе настапат добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година - Катица Ќулавкова, годинашниот добитник на наградата за најдобра поетска збирка на поет-дебитант од светот „Мостови на Струга“ - Матеуш Шимчик, како и 20 еминентни поети од 17 земји, стои во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори