Претседателката Сиљановска Давкова ги прими премиерот Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими премиерот Христијан Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада, при што упати честитки за нивниот избор, посакувајќи им успешна работа во исполнувањето на стратешките цели на државата, економски напредок и подобрување на животниот стандард на граѓаните, соопшти нејзиниот кабинет.
Претседателката изрази очекување од новиот владин состав совесно, чесно и одговорно да ја реализира поставената програма за работа, во согласност со македонските национални интереси и интересите на граѓаните.
Новата Влада што ја предводи Мицкоски беше избрана синоќа во Собранието со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ.
Во владиниот кабинет има 20 министерства, четири повеќе од досега. Петнаесет членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.
Мицкоски е 13-тиот премиер, а ја предводи 20. влада од осамостојувањето на државата.
Ново на Сител
-
Активни пожари на грчките острови Закинтос и Кефалонија, како и во западниот дел на земјата
-
Орбан одби да го потпише писмото на ЕУ до Трамп: Доволно лошо е што Унијата е тргната настрана, полошо е да даваме инструкции од клупа
-
Гвардиола „тргнува“ по нов играч
-
Силекс со „петарда“ до првите три бодови
-
Нетанјаху е јасен - не сака преговори за делумен прекин на огнот
-
Франција погодена од топлински бран со „историски интензитет“
-
Фицо: Западот ја искористи Украина во обидот да ја ослаби Русија
-
По вербална расправија со нож му нанел четири убодни рани, приведен 32-годишник од Виница