Претседателката на каталонскиот Парламент ја откажа утрешната седница

Претседателката на каталонскиот парламент Карме Форкадел официјалноп призна дека законодавниот орган на шпанската автономна област е распуштен, објави весникот Вангуардија.
Според весникот, Форкадел jа откажала седницата на лидери на парламентарни партии. Обично таква средба се одржува секој вторник, но претседателката на Парламентот ја откажала заради „распуштање на парламентот“.
Засега нема официјална потврда за тоа. Не е јасно ниту дали каталонскиот парламент е распуштен во согласност на одлуката на шпанската Влада или во рамки на предвидените од сепаратистиоте процес за создавање независна каталонска република. Дел од членовите на распуштениот каталонски кабинет имаат средба во централата на Европската демократска партија на Каталонија во центарот на Барселона. Отсуствува досегашниот регионален лидер Карлес Пуџдемон, за кого не е познато каде се наоѓа во моментов, јавуваат локални медиуми.
Соборениот вицепремиер на Каталонија Ориол Жункерас и Карме Форкадел присуствуваат на средба на партијата Републиканска левица на Каталонија.
Засега, само Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ), која се залага за незваисност на регионот, соопшти дека ќе учествува на изборите закажани за 21 декември.
- Ќе учествуваме на изборите на 21 декември, што е шанса да ја консолидираме републиката...Тие ги нарекоа нелегалните избори, замка. Како и да е, ние не се плашиме да излеземе на изборите, изјави на денешната прес-конференција Сержи Сабриа.
Ново на Сител
-

Се скарале, па истурил врело кафе врз сопругата - уапсен 52-годишник од гостиварско
-

16,7 милиони денари префрлени за наводна набавка на пилешки нозе – Финансиската полиција откри шема
-

Телото на исчезнатиот скопјанец синоќа било извлечено од водите на Охридското Езеро
-

„Иднина која инспирира“: Пет проекти добиваат поддршка од dm, а граѓаните избираат меѓу три за дополнителна поддршка
-

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор, Весељи на 18
-

До сабота стабилно време, од понеделник дожд
-

Николоски: Да се најде решение за превозниците и да се овозможи слободен проток на стоките
-

Саудиска Арабија откажува испораки на нафта за Европа по напад со дрон - Цената на берзите е 122 долари за барел
