Претседателката на ЕП побара зголемување на долгорочниот буџет на ЕУ заради војната во Украина
Долгорочниот буџет на ЕУ мора да се зголеми поради војната во Украина, енергетската и економската криза и одбранбените предизвици, изјави претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, пред средбата на лидерите во Советот на ЕУ во Брисел
Притоа Мецола посочи дека се потребни дополнителни средства за сервисирање на повисоките долгови поради зголемувањето на каматните стапки и недостатокот на разбирање за новите извори на финансирање на касата на ЕУ.
-На нашата економија и е потребен поттик. Ова не е прашање на просперитет, туку на безбедност. А тоа значи дека треба повторно да го погледнеме буџетот на ЕУ, рече Мецола пред почетокот на дводневниот состанок на лидерите, чиј фокус е енергетската криза.
„Мораме да се прилагодиме на тоа што се случува“, додаде таа.
Буџетот на ЕУ за периодот 2021-2027 година во износ од 1,1 трилиона евра претставува само еден отсто од БДП-то на земјите членки.
Долгорочниот буџет беше усвоен во декември 2020 година, кога се уште не се знаеше што следува. Тој не предвидуваше уште две години од пандемијата, а уште помалку руската инвазија врз Украина и придружната енергетска криза и високата инфлација.
ЕУ натрупа долг од 800 милијарди евра за да ја обнови својата економија од пандемијата, а според Мецола, во 2023 година ќе и требаат дополнителни 450 милиони евра за негово сервисирање.
-Доколку каматните стапки останат високи, исплатата на долгот ќе го избрише целиот одговор на кризите и ќе почне да ги јаде европските програми, истакна Мецола.
Но, отворањето на долгорочната буџетска рамка ќе создаде нови проблеми, бидејќи ќе ги спротивстави нето-корисниците и нето-плаќачите во ЕУ.
-Свесна сум за политичката реалност, но долгорочниот буџет мора да може да биде флексибилен, рече Мецола. „Плафоните треба да се кренат кога тоа е потребно за да се задоволат потребите и новите приоритети“, додаде таа.
Ново на Сител
-
Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа
-
Еден војник загина, а еден е потешко повреден при гаснење пожар во Црна Гора
-
Ангелов: Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер
-
Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични
-
Лото - игра на среќа со семејна традиција, ритуал во кој среќните броеви ни поттикнуваат надеж
-
Уапсен 19-годишник во Куманово, со него затекнато 14-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Приведени двајца росоманци, пријавени за закани кон градоначалник на Кавадарци и неговото семејство