Претседателите Пахор и Грабар Китаровиќ денеска ќе расправаат за граничниот проблем

Претседателите на Хрватска и Словенија денеска ќе се сретнат во актуелниот момент на тенизии на заедничката граница, што избувна откако Словенија почна да крева ограда од бодликава тел на спорна територија, за да го запре напливот од мигранти, пренесоа американските медиуми.
Попладневните разговори меѓу претседателот на Словенија, Борут Пахор, и на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ ќе се фокусираат врз граничниот спор, иако средбата претходно беше планирана за други прашања.
Напнатоста нарасна вчера и Хрватска денеска на Словенија и врачи официјална протестна нота затоа што делови од оградата се поставени на хрватска територија.
Хрватското Министерство за надворешни работи инсистира Словенија да ја отстрани оградата.
Словенија претходно соошти дека ги избегнува спорните гранични реони, прашања кои не беа решени од распадот на Југославија во текот на деведесетите години на минатиот век.
Словенија има сериозен проблем со приливот на илјадници мигранти, кои минувата низ земјата на пат кон Западна Европа.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
