Претреси во Скопје, пронајдени над 600 грама амфетамин, приведени двајца криминалци
На 29.03.2022 околу 04.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош ги лишиле од слобода В.Ѓ.(43) и Н.Т.(31), двајцата од Скопје, поради сомнение дека се сторители на кривични дела тешки кражби.
При преглед во возилото „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени повеќе предмети погодни за извршување на кривичните дела. Додека при претрес во домот на В.Ѓ., извршен со судска наредба, од полициски службеници од ЕВР Карпош и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, биле пронајдени и одземени повеќе од 600 грама амфетамин и предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела тешки кражби.
Исто така, при претрес во домот каде престојува Н.Т., извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети поврзани со кривично дело.
Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка
-
8 македонски државјани од Израел се враќаат дома
-
Не се смирува небото на Блискиот Исток - петти ден од конфликтот помеѓу Израел и Иран
-
По посетата на кочанската болница, Алиу веќе доби барање за вработување на неопходен кадар во установата
-
Талески: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс
-
3500 потписи за независна кандидатура во Скопје