Претреси во гевгелиско: Пронајдени поголемо количество оружје и муниција, приведени две лица
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ и ОВР Гевгелија денеска ги лишиле од слобода А.Д.(44) и Ж.Д.(66), двајцата од с.Богородица, гевгелиско, соопшти МВР.

Како што информираат од министерството, во нивните домови, со судска наредба биле извршени претреси, при што во домот на А.Д. во с.Богородица биле пронајдени и одземени две ловечки пушки, воздушна пушка, самострел, 99 патрони ловечка муниција, 272 боеви куршуми од различен калибар и два оптички нишани. При претрес во домот на Ж.Д. во с.Богородица биле пронајдени и одземени еден ловечки карабин, воздушна пушка, една цевка за ловечка пушка, 107 патрони ловечка муниција и 44 боеви куршуми од различен калибар.
- За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
