Македонија
23. October 2024 - 10:06

Претреси во Битола и Македонски Брод, пронајденo оружје и муниција, лишени од слобода две лица

На 22.10.2024 во 15.20 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола бил извршен претрес кај E.М.(53) од с.Бистрица, битолско. При претресот биле пронајдени пет пушки, над 100 парчиња муниција, како и различни делови за оружје. Е.М. бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така, на 22.10.2024, во времето од 10.30 до 11.30 часот од страна на полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола, а по претходно издадена судска наредба, извршен е претрес во с. Белица, во домот на Д.И.(46) од с.Белица, Македонски Брод, при што пронајдена била муниција од различен калибар. Д.И. е приведен во полициска станица и по документиурање на случајот ќе следува соодветна пријава.