-->
-->
Претрес во Велес, пронајдена дрога
-->

На 22.11.2024 во 10.50 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода З.Ш.(46) и А.Ш.(44), двајцата од Велес.
При претрес во домот на А.Ш. во Велес, каде престојувал и З.Ш., извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени 17 пакувања со зелена растителна материја, 42 семки и пари. З.Ш. и А.Ш. биле задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело "Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори", казниво по чл. 215 од КЗ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
-

На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
