Претрес во тетовска Мала Речица, пронјадени пиштоли, муниција и дрога | ФОТО
По претходно преземени мерки и активности, на 20.10.2023 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од Оделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово, извршен е претрес на дом и други простории кај лицата А.Џ.(25) и Ф.Џ.(26) двајцата од Мала Речица, при што биле пронајдени еден пиштол "Застава" кал. 7,62мм со една рамка со два куршума, еден пиштол "Зораки" 917-Т со рамка без муниција, 23 куршуми разновиден вид и калибар, 35 куршуми кал. 7,62мм, една ќеса со тревкаста материја, една дигитална вага и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Во координација на јавен обвинител, против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и 396 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово