Претрес во простории за одгледување канабис за медицински цели: Недостасувале околу 40 килограми
Вчера, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дорга, оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија во координација со ОВР Неготино и членови на Комисија за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство извршиле претрес во простории на две правни лица во Неготино овластени за одгледување канабис за медицински цели, информираше утрово министерството за внатрешни работи.

Како што информираат оттаму, при претрес во едното правно лице било констатирано дека од четири реколти недостасуваат околу 40 килограми од канабис, како и низа неправилности со кои правното лице постапувало спротивно на член 62, член 29-Д, член 29-Г и член 95-В од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

Додека, при претресот во другото правно лице бил пронајден сув цвет од канабис за кој било доставено известување до комисијата, сув цвет за кој допвра ќе се достави документација до комисијата, а биле констатирани и повеќе неправилности со кои правното лице постапувало спротивно на членовите 29-Г, 29-Д и 29-Ѓ од Законот за контрола на опојни дроги, соопшти министерството.

„По целосно докумнетирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против правните и одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.
Ново на Сител
-

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно
-

Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3
-

Неутрална Швајцарија не дозволи летови на американските воени авиони над земјата
-

Велосипедска тура во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
-

Фарс: Најмалку 15 мртви во ракетен напад врз фабрика во иранскиот град Исфахан
-

Трамп не е подготвен за договор за завршување на војната со Иран
-

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд
