Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Две лица се лишени од слобода, заради нелегално поседување и продажба на наркотици.
Од МВР информираат дека вчера во Гостивар, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода Е.И.(37) од Гостивар. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана, дигитална вага и 68.500 денари.
Потоа, во 21:40 часот, полициски службеници го лишилe од слобода и Џ.М.(38) од село Здуње, гостиварско, поради сомнение за сторено кривично дело „нелегално производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.
МИА
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
