-->
-->
Претрес во Битола, запленет хероин
-->
Полицијата пронашла 26 пакувања со хероин, со тежина од околу 50 грама, во домот на С.С. (38) во Битола, информираат од МВР.
-Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола денеска по претходно издадена судска наредба од Основен суд Битола, извршија претрес во дом на С.С. (38) во Битола, соопштуваат од МВР.
При претресот биле пронајдени и одземени 26 пакувања со хероин со тежина од околу 50 грама, пари и мобилен телефон.
-По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство, информираат од министерството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
-

Владата утре ќе ја намали акцизата и ќе го задржи ДДВ на 10 отсто кај горивата
-

Мицкоски: СДСМ се однесува како локална организација на бугарска партија
-

МОН најде приватен институт во обложувалница, со два душеци и две столчиња
-

Тече конкурсот за упис во средните училишта, најмногу место има за ученици во средните стручни училишта
-

Третманот со ефикасна терапија го зголеми бројот на преживеани на Oнкологија
