Претрес во Аеродром, пронајдени екстази, aмфетамин, трипови, експлозив и 396.200 фалсификувани долари
На 10.11.2021 во координирана полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога,оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во стан на ул. „Венјамин Манчуковски“ во скопската општина Аеродром, во кој биле затекнати М.М. (20) и 16 годишен малолетник од с. Зелениково, соопштија од МВР. При претресот во станот е пронајденa таблетa екстази и вага со остатоци од кокаин, а во подрумските простории е пронајдено едно пакување експлозив - тротил со жици електрични запалки - детонатори М5 за експлозив, кои од страна на Секторот за антитероризам при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал се подигнати со цел понатамошно вештачење.
При претрес на гаража на ул. „Бојмија" во хартиена кеса е пронајдена поголема количина парични средства во апоени од 100 долари, или вкупно 396.200 долари, за кои од првичниот увид може да се утврди дека се работи за фалсификувани банкноти и едно полиетеленско пакување во кое има 149 екстази.
Лицата се лишени од слобода и против нив СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава по чл. 396, чл.215 и чл. 268. Исто така, при преземањето на координираните мерки и активности биле лишени од слобода и Н.Т. (20), кај кој при личен преглед се пронајдени марихуана, синтетичка дрога амфетамин и трипови, и М.Г.(21), кај кого е пронајдена марихуана. МВР продолжува со вршење на проверки со цел идентификување и на други инволвирани лица.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова ги прифати оставките на Комисијата за помилување
-
Бајден се надева дека последните израелски напади врз Иран ќе бидат „крај“ на директната размена на оган меѓу двете земји
-
Колективна оставка на Комисијата за помилување
-
Најмалку 81 лице го загуби животот во бурата „Трами“ на Филипините
-
Момче пријавило напад и повреда со остар предмет во Карпош, приведен малолетник
-
Пронајдена дрога во Битола, приведени две лица
-
Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети
-
Приведен криумчар на мигранти во близина на селото Богородица