Македонија
21. May 2022 - 9:54

Претрчувале улица на црвено светло и надвор од пешачки, МВР казни 198 пешаци

Санкционирани се 198 пешаци кои направиле прекршоци во сообраќајот во тек на вчерашната засилена акциска контрола на територијата на државата. За небезбедно минување улица надвор од пешачки премин се казнети 149, 18 за минување на црвено светло…

Од МВР денеска соопштија дека за време на контролата регистрирани се и 135 останати прекршоци.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, порачува МВР.