Претпладне сончево, попладне невреме

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне со зголемена облачност и на повеќе места со краткотраен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи.
Температурата ќе се движи од 16 до 26 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Температура ќе достигне до 24 степени.
Позначителна промена на времето ќе настапи од недела попладне и во вечерните часови, кога преку нашата земја ќе помине влажен бран од север кој ќе биде проследен со поројни врнежи од дожд и грмежи. На места се очекува да наврнат и над 25 л/м2 дожд. Од недела вечер ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Во понеделник попладне ќе настапи разведрување, но ќе се задржи ветровито и посвежо.
Ново на Сител
-

Здравствените домови во Југоистокот добиваат нова опрема и амбулантни возила
-

Старите занаети изумираат
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
-

Изгласан вториот ребаланс на буџетот
