Претпладне претежно облачно, попладне разведрување
Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно. На североистокот од земјата ќе има зголемена облачност и услови за појава на слаб снег, кој понекаде ќе преминува во слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје претпладне малку до умерено облачно, а попладне сончево со мала облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Минималните температури измерени утрово се движеа од -8 во Битола, -6 во Прилеп, -5 на Попова Шапка, -4 во Тетово, Д. Капија и Петровец, -3 во Штип, -2 во Струмица, Крушево, Куманово, Скопје, Виница, Берово и Маврово, -1 во Охрид, Претор и Крива Паланка до 2 степени во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот изнесуваше 38 сантиметри на Попова Шапка, 22 во Тополчани и Крушево, 21 во Маврови Анови, 20 во Битола, 17 во Пожаране, 16 во Штип и Ѓуриште, 14 во Лазарополе и Претор, 11 во Демир Капија, 8 во Берово и Крива Паланка, 6 во Прилеп, 5 во Охрид, 2 во Виница и 1 сантиметар во Струмица.
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите