Претежно сончево со утринска магла по котлините
– Утре во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, особено во западните делови на земјата, а преку денот времето ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец поизразен во претпладневните часови.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Во Скопје времето преку денот ќе биде претежно сончево, а наутро со услови за слаба магла. Претпладне со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно време со повисоки дневните температури, а значително повисоки температури за овој дел од годината ќе има на планините во утре и во вторник. Во следните денови во утринските часови понекаде во котлините ќе се задржи умерено облачно и магливо, што ќе услови пониски дневни температури.
Ново на Сител
-
12 повредени од пожарот во Кочани денеска ќе бидат испратени на домашно лекување
-
19 годишниот Јован како херој пречекан од соучениците во Виница
-
Мицкоски: Постапката за разрешување на Коцевски во моментов ќе биде запрена
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Ќе се менува законот за угостителска дејност
-
Минималната плата ќе биде донесена на денешната Владина седница и ќе изнесува 24.400 денари
-
Центарот за Социјална работа не бил известен за бегството на пациентот од болницата
-
Преглед на вестите од светот