Македонија
31. January 2020 - 21:46

Претепано 9-годишно момче од негов соученик во скопско училиште

Во соопштението од МВР се подвлекува дека вчера во 14.20 часот во СВР Скопје, К.Н.(50) од Скопје пријавила дека на 27.01.2020 во 12.30 часот во основно училиште на улица „Даме Груев“ нејзиниот деветгодишен син бил физички нападнат од негов соученик.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.