Претепан тренерот на Динамо

Двајца маскирани напаѓачи, синоќа брутално го претепаа тренерот на фудбалскиот клуб Динамо Марио Цвитановиќ додека влегувал во својата зграда.
Двајца маскирани напаѓачи, синоќа брутално го претепаа тренерот на фудбалскиот клуб Динамо Марио Цвитановиќ додека влегувал во својата зграда. Тој потоа повикал полиција и побарал лекарска помош, при што е утврдено дека се здобил со фрактура на подлактицата.
Овој напад е само еден во низата напади кои се случуваат во Хрватска во последно време, а според загрепските медиуми веројатно станува збор за предупредување.
Цвитановиќ изјави дека мотивот за нападот му е непознат, но верува дека станува збор за некој вид предупредување, бидејќи цел на таквите напади обично е да се предупреди жртвата на некого или нешто.
Повеќе такви напади се случија во Хрватска во последно време. Неодамна, во два наврати беше нападнат советникот на Динамо Здравко Мамиќ, од кои едниот е оквалификуван како обид за убиство. Мамиќ прво беше нападнат на Бол на Брач, каде беше удрен во глава по што падна во морето. Околу месец и половина подоцна, засега непознати лица на Мамиќ му пукаа во нога, а потоа побегнаа.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
