Претепан скопјанец додека седел на клупа пред зграда
Ноќеска околу 1 часот по полноќ С.Р. (58) бил претепан од шест непознати машки лица додека седел на клупа пред зграда на улицата „Боро Менков“ во Скопје и ја чекал својата девојка. Во нападот тој се здобил со тешки телесни повреди и скршеница на едно ребро. Причината за нападот била што лицата не му дозволувале да седи на клупата.
- Во 01:30 часот во Скопје на улицата „Боро Менков“, додека С.Р.(58) од Скопје, ја чекал неговата девојка, бил физички нападнат од страна на шест засега непознати машки лица, на возраст од 30-45 години, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото, по што се упатиле во непознат правец. Причина за нападот била што истите не му дозволувале да седи на клупата која била пред самата зграда. Во нападот, С.Р. се здобил со тешки телесни повреди и фрактура на 8-мо ребро, соопшти денеска МВР.
Нему му била укажана лекарска помош во Ургентниот Центар -Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер