-->
-->
Претепан и ограбен таксист кај ТЦ Мавровка
-->
Вчера попладне во 13,30 часот во ПС-Чаир, М.Х.(34) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12,30 часот на бул.„Гоце Делчев“ поточно пред ДТЦ „Мавровка“, од страна на непознат сторител извршено му е разбојништво при што му се одземени 930 денари.
Имено, сторителот разбојништвото го извршил на тој начин што откако се качил заради превоз во такси возило, при пристигнување пред ДТЦ „Мавровка“ извадил 1.000 денари со цел да плати такси услуга која изнесувала 200 денари, а оштетениот за да му врати кусур извадил пари по што сторителот му задал удар во пределот на лицето и му ги одзел парите.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Донесен законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишуваат на универзитетите
-
Шест полицајци повредени во Нови Пазар во судир меѓу граѓани и полиција пред зградата на Државниот универзитет
-
ОН: Во Газа влегува само половина од потребната помош, стотици илјади луѓе гладуваат
-
УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските
-
Со запален факел од хартија и текстил запалил греди на натстрешница - Истрага за пожар во Струмица
-
Ангелов: Во тек е административна селекција на пријавените кандидати за пожарникари
-
До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја
-
Поради расправија за паркинг место, 41-годишник физички се пресметал со 83-годишен дедо