Пресврт со времето во октомври - подгответе се!

Самиот почеток на октомври ќе ни го одбележи натрпосечно топло, стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност, но не за долго поради тоа што веќе од утре облачноста особено попладнето ќе започне умерено да се зголемува и ќе има услови за сосема слаб локален дожд и за ретки грмежи.
Ќе започне да дува умерен ветер од јужен и од југоисточен правец кој на некои места особено Долж Повардарието и на исток ќе засилува на интензитет. Поизначителна промена на времето ќе имаме во четврток попладне и навечер како и во текот на ноќта кон петок но и во петок кога ќе имаме врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за сосема ретка појава на град.
Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). Како ќе поминува КАРМЕН над регионот и иститата ќе биде придружена со значително постуден воздух од север ќе се зоздадат услови на планинските места и за локално провејување на снег а според моменталната состојба на прогностичките модели има услови и за формирање на тенка снежна покривка. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Максималните дневни температури на воздухот кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени меѓутоа многу посвежо ќе биде во петок кога максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 14 до 21 степени
Ново на Сител
-

Изречени 63 санкции за возење под дејство на алкохол
-

Јован Костадинов меѓу добитниците на наградата „Младинска храброст 2026“
-

Клековски: Се подготвуваме да потпишеме меморандум со СБ и ЕИБ и финансирањето на инвестициите во болниците во Штип, Тетово и Кичево
-

Ангелов: Не палете оган на отворено, доволна е една искра за катастрофа
-

MHERO пристигнува во Македонија: Сила создадена без компромис
-

Автомобил излетал од патот во Ресен - две жени се тешко повредени
-

Негователка во градинка во Хром физички нападнала дете
-

Вештачење: Реконструкцијата во „Пулс“ била изведена нелегално, објектот според површината никогаш не можел да биде кабаре
