Пресуди за уште двајца демонстранти кои ја кршеа Канцеларијата на Иванов
Уште двајца од демонстрантите кои дивееја и ја кршеа Канцеларијата на претседателот Ѓорѓе Иванов, по одлуката за аболиција во Кривичниот суд добија условни казни.
Никола Аризанов е осуден на условна казна од шест месеци ако во текот на наредните две години не стори друго кривично дело, додека другиот демонстрант, Филип Наковски е осуден со условна казна од 12 месеци ако во текот на следните три години не стори друго кривично дело. Како што денеска пишува Телеграф, со оваа одлука судијката им го укина куќниот притвор.
Двајцата пред Судот изјавија дека биле дел од протестот, но дека не кршеле.
За потсетување, завчера беше осуден уште еден демонстрант кој ја призна вината и доби условна казна од три месеци ако во наредната година не стори друго кривично дело.
Ново на Сител
-
„Ел Гол Дигитал“: Голем број ѕвезди на Реал се изјаснија за оставка на Анчелоти
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола